Никотинамид аденин динуклеотид (NAD) е коензим кој се наоѓа во сите клетки на телото. NAD се јавува во две форми: оксидирана (NAD+) и редуцирана (NADH). Трендот кој е застапен во светот на извршните директори на големите компании е терапија со NAD+, кој како коензим на витамин Б3 учествува во многу реакции, притоа помагајќи и во пренесување на енергијата што ја добиваме од храната до остатокот од нашето тело.

Иако малку истражувана, според откритија на австралиски истражувања спроведени во 2012 и 2019 година, докажано е дека терапијата со Никотинамид аденин динуклеотид помага при подобрување на расположението, зголемување на енергијата и ментална способност и концентрација, ослободувајќи го потенцијалот на телото.

Терапијата вклучува конзумирање на суплементи со коензимот или интравенозно преку таканаречен IV drip третман кој се смета за поефикасен бидејќи се обезбедува поефикасна апсорпција на соединението. Поради наведената уникатна способност да ги заштити ткивата, да поправи ДНК и да помогне во зголемување на животниот век, неколку универзитети започнуваат истражувања и дискусии за користење на NAD+ терапија како потенцијален третман за дегенеративни болести поврзани со стареењето.

Од досегашните искуства се покажало како доста добра терапија во борба против стареењето, во подобрување на атлетските перформанси и за борба против зависности, а несаканите ефекти од терапијата се навеле како незначителни.