Ништо неможе да ја замени искрената комуникација со партнерот… Сексот се смета за психолошка потреба, исто како јадењето, спиењето, безбедноста, самодовербата. Луѓето развиле психолошки систем на емоционална приврзаност, без оглед на културата, возраста или расата, длабоко емотивно се врзуваме еден со друг во текот на нашите животи.

Ова започнува уште како деца, сите се врзуваме за нашите родители. Во животот емотивна приврзаност развиваме и кон нашите сексуални партнери. За да го одржиме нашето физичко и ментално здравје треба да ги задоволиме нашите потреби. Во врските тоа некогаш знае да биде проблем доколку не зборувате и не го слушате партнерот.

Постојат повеќе начини за тоа како да го подобрите сексот со вашиот партнер, на пример сексуални терапевти, едукатори… Ние сакаме да ви препорачаме книги кои навистина ќе ви помогнат.