Ова модерно време не опкружува со Интернет, без разлика дали се тоа социјални мрежи или Netflix. Холандската стартап компанија Myndr најде начин како да се бори со ова, па создаде уред кој ќе ги блокира Интернет услугите. За само 210 американски долари вие добивате уред кој се состои од два дела WiFi рутер што го филтрира Интернетот и прекинувач кој се закачува на ѕидот кој служи за подесување, односно кој интернет сообраќај е и не е дозволен.
Бројчаникот или прекинувачот во форма на капка има пет позиции, па така кога е завртен нагоре Myndr нема да филтрира ништо, можете да гледате Netflix без да бидете вознемирени од WhatsApp со тоа што ќе го подесите прекинувачот во „позиција 3″, или можете да ги исклучите други услуги но да работите со Spotify кога е во „позиција 2″.
Мартен Волзак, иноваторот ја добил идејата за создавање на ваков уред по вечера кај пријателите кои имале деца тинејџери и кои изјавиле дека имаат многу проблеми со паметните телефони во семејството, бидејќи понекогаш им било тешко да ги натераат нивните деца да обрнат внимание. Развивањето на ваков уред било голем предизвик прво поради комуникацијата на двата уреда, а потоа и интеракцијата со човекот која е проблематика која сè уште има недостатоци.
Интерес за „Myndr for Home” има од повеќе држави. А во меѓувреме Волзак планира да започне со работа на верзија на уредот кој ќе управува со мобилниот интернет.