Индонезиската биотехнолошка лабараторија Mycotech Lab разви материјал сличен на кожа изработен од мицелумот на печурката Mylea. Откако го претстави првиот часовник со ремен направен со ваков материјал, компанијата соработува со многу модни брендови за создавање на патики и други модни додатоци.

Целта на лабараторијата е иновацијата да ја разбуди свеста кај јавноста за користење на производи направени од други материјали кои не би имале големо штетно влијание врз иднината и животната средина.

Mycotech Lab соработката со разни брендови за директно тестирање на нивниот материјал во форма на разни модни производи. Напредувањето во развојот и подобрувањето на метријалот го достигна второто ниво со што лансираше патики направени од материјал од мицелумот на печурката кои го носат мотот „we the sustainable, the genuine; we the future“.

Mycotech Lab