Од легенди, модерни музи, ангели на Викторија Сикрет, сите во тантела, лелеави наметки пленат со својата појава. Решивме да разгледаме кампањи за долна облека во која супермоделите „владеат“ со брендот. Естетика која ги отсликува сензуалните, мистериозни вибрации на беспрекорната фигура на моделот и осмисленоста на кампањата.

Naomi Campbell- Agent Provocateur: Иако кампањата е од 2015 година, сепак не може да се заборави. Иако е легенда Наоми во оваа кампања за Agent Provocateur е многу самоуверена, сензуална и мистериозна во исто време.

долна облека

Eva Herzigova- Hello Boys Wonderbra: Рекламата за Wonderbra со моделот Eva Herzigova за прв пат се појави на билборд во 1994 година. Иако во тоа време разгневи многу феминистки, сепак беше билборд кој буквално го запираше сообраќајот.

Irina Shayk- Twin-Set: Италијанскиот бренд Twin Set привлече внимание за кампањата за долна облека за сезоната есен-зима 2014 со ѕвездата Ирина Шајк. Рускиот супермодел како и секогаш изгледа божествено во долна облека.

долна облека

Liu Wen- La Perla: Кинескиот супермодел кој воедно беше и првиот кинески модел кој се прошета на ревија на Викторија Сикретс е доста барана и ангажирана од многу брендови влкучувајќи ги Estée Lauder, La Perla. Токму оваа кампања на La Perla ја крие нејзината мистерија.

Rosie Huntington Whiteley- Rosie for Autograph: Роузи по нејзината популарност како еден од ангелите на Викторија Сикретс, во 2012 година лансираше своја сопствена линија за долна облека Rosie for Autograph. Нејзината умешност во промовирање на долна облека е феноменален.

долна облека