Со донација од Олга Костовска и пријателите, ќе се реконструираат скалите и платото пред Музејот на современата уметност во Скопје.
Заедно со своите пријатели, онаму каде градот дише во ритамот на уметноста, г-ѓа Олга Костовска го прослави својот 45 роденден во Музејот на современа уметност во Скопје. Поводот за славење Олга го искористи уште еднаш да ја подаде раката на оваа важна и репрезентативна институција во државата.
Наместо подароци, овојпат Олга и нејзините пријатели дадоа свој допринос за реконструкција на приодните скали и платото на музејот во вкупна вредност од 600.000 денари, со што ќе се овозможи полесен пристап и нов, освежен изглед на платото, кои ќе го направат музејот поатрактивен за уште поголем број посетители и љубители на современата уметност.

Музејот на современа уметност веќе неколку години го има Еуролинк осигурување и Претседателот на Надзорен одбор г-ѓа Олга Костовска за свој најголем поддржувач и пријател, како успешна жена на македонската бизнис сцена, мецена на културата, уметноста и образованието и голем донатор.
За досегашната поддршка зборуваат многуте реализирани активности и проекти како отворањето на Музејската библиотека при Истражувачкиот центар при МСУ, издавање каталог на уметникот Петар Хаџи Бошков и реконструкција на бифето во музејот.