Mustang Shelby GT350R произведен во 1965 година е нов рекордер кога станува збор за најскапиот Mustang на светот, откако за него се платија 3,85 милиони долари на аукција. Овој Mustang бил возен од страна на легендарниот Кен Мајлс, чија приказна е овековечена во филмот Ford vs Ferrari и се смета за неофицијален победник на трката 24 часа Ле Ман во 1966 година, со што Ford ја прекина долгогодишната доминација на Ferrari.

Инаку, во годината кога Ford триумфира на Ле Ман, овој Mustang Shelby GT350R бил купен за 4.000 долари од тогашниот инженер на Ford, Бил Клосон, со е започната успешната соработка која ќе резултира со поразот на Ferrari на местото каде што со години доминираше.

Прочитајте повеќе на avtoplus.mk