Ford Mustang од 1965, автомобил кој и сам по себе е американска икона, е трасформиран во автомобил од еден од најпознатите филм-стрипови. Оваа итерација најмногу личи на креацијата од филм на Тим Бартон. Автомобилот со должина од околу 7 метри има крило кое продолжува во ислучително интересна опашка. Овој целосно црн Ford Mustang има долго и целосно извајано тело за да одговара на Бетмобилот од филмот. Со масивен мотор во задниот дел, ова е рекреација на Бетмобилот од 1989 година. Не се зане кој стои позади целава „скулптура“, но се верува дека ова е дело на Z cars. Секако автомобилот оди на аукција преку Bonhams овој месец и се предвидува да биде продаден за 28.000- 42.000 американски долари.