Паузата од тренинг предизвикува губење на мускулната маса, но не треба да се грижите бидејќи тука е мускулната меморија. Мускулот кој веќе еднаш е изграден полесно се враќа во форма отколку кај почетник. Ако да речеме сте направиле пауза од две недели, кога ќе се погледнете во огледало телото може да ви изгледа поопуштено од вообичаеното и мислите дека губите мускулна маса.

Но, всушност, тешко дека губите мускули во волку краток временски период. Можно е резервите на гликоген во мускулите да губат вода, што предизвикува да се намали волуменот на мускулот. Сепак, овој ефект брзо исчезнува штом почнете повторно да тренирате. Ако паузата трае подолго тогаш грижата е основана. Всушност по околу две до три недели, телото почнува да ја губи мускулната маса.

Физиолошки гледано, мускулите трошат многу енергија и се непотребни баласт за телото доколку не се користат. На ова се наметну прашањето: Што се случува кога ќе се вратите на тренинг по пауза од подолг временски период? Има докази дека постои еден вид на мускулна меморија, т.е. дека мускулите се градат повторно побрзо по пауза отколку кога почнувате да тренирате од нула како почетник.

Студија во 2012 година е спроведена во Јапонија, на две групи на мажи во период од 24 недели, каде едната група вежба континуирано додека втората група прави пауза од три недели на секои шест недели. Мускулната маса кај групата мажи кои вежбаат континуирано, се зголемува, додека кај тие кои паузираат се намалува, за време на паузите. После 24 недели, се заклучило дека двете групи имаа изградено скоро иста количина на мускули.

Научниците долго време претпоставуваа дека феноменот е невронски: нашата меморија за движење е закотвена во мозокот, што гарантира, на пример, да не заборавиме како да пливаме или да возиме велосипед. Норвешки научници испитувале епигенетски промени во мускулите во една студија и откриле дека мускулната меморија е поврзана со клеточните јадра во мускулните влакна.

Мускулните клетки се едни од најголемите клетки во човечкото тело и имаат необична особина да имаат неколку клеточни јадра. Па така и покрај паузирање, или атрофија на мускулните влакна овие јадра се задржуваат, што придонесува да кога ќе се вратите на тренинг, телото не мора прво да формира нови клеточни јадра. Нејасно е колку точно трае оваа мускулна меморија, т.е. колку долго можете да паузирате.