Кијану Ривс е еден од најпопуларните холивудски ѕвезди во моментов, најмногу поради тоа што како актер го дава максимумот од себе за секој филм во кој тој глуми. По завршувањето на Трилогијата на Matrix, сите очекуваа дека ќе се појави и четвртти дел. Но за жал, тоа не се случи. Сепак, години по третиот дел од The Matrix, Кијану Ривс, изјави дека е подготвен да се врати во улогата на Нео.

„Иако Нео почина во третиот дел, очекувам тој да се врати, бидејќи тој е избран. Но тоа ќе биде интересно да се претстави на големиот екран.”

Актерот е подготвен за продолжението но под одредени услови, односно режијата и сценариото да бидат на Вачовски. Кијану смета дека нивната генијалност е непроценлива, но исто така и дека актерот Лоренс Фишбурн треба да биде вклучен во проектот, бидејќи Matrix без Морфеус не би бил Matrix.

Режисерот на Џон Вик, Чад Стахелски изјави дека е во преговори со сестрите Вачовски и дека најверојатно заедно ќе го подготвуваат четвртото продолжение на легендарниот филм.