Американскиот дизајнер Kendall Toerner замисли како би можел да изгледа Tesla електричен велосипед што тој го нарече Model B. Овој концепт не помина незабележано бидејќи има елегантен и футуристички изглед. Со два мотора, на секое тркало по еден, овој концепт е замислено да има и автопилот. Поради ова електричниот велосипед е предвидено да има целосен радар, камери и ултразвучни сензори кои ги покриваат предниот, задниот и страните на велосипедот за да можат да детектираат дупки, луѓе, автомобили и друго.

На предната страна пред возачот има екран кој покажува информации за патот. Иако во 2018 година Илон Маск изјави дека Tesla еден ден би можел да лансира електричен велосипед, но досега немаме слушнато за такво нешто. Со оглед на побарувачката на електрични велосипеди и на вештините и знаењата на Tesla во областа на електричните батерии, американскиот производител несомнено би понудил нешто импресивно.