Група на бразилски и француски инженери за прехрамбена технологија и преработка на храна создаваат состојки за производство на 3D печатена храна. Нивното истражување кое е објавено во Food Research International вели дека може да овозможат развој на храна заснована на разни форми, текстури, ароми и хранливи својства.
Всушност во последниов период овој вид на печатење го тресе кулинарскиот свет. На ова веќе не се гледа само како на создавање на производи кои ги задоволуваат очекувањата на потрошувачите туку како на изработка на нови форми, текстури, бои и ароми кои би биле здрави и привлечни за поширока демографија, особено деца и стари лица.
Процесот на 3D-печатење на храна отиде уште подалеку со развој на модифицирани хидрогели на скроб кои се користат како „мастило“ за правење 3Д печатена храна, а се развој на истражувачи од Земјоделскиот колеџ Luiz de Queiroz College of Agriculture од Сао Паоло, Nantes Atlantic College of Veterinary Medicine, Food Science and Engineering и French National Institute for Research on Agriculture, Food and Environment од Франција.
Можностите за користење на овој вид на производство се големи бидејќи тие се едноставни, ефтини и лесни за спроведување во индустријата. Плус овие гелови базирани на модифицирана касава и пченичен скроб може да се користат надвор од секторот за храна, како на пример за производство на капсули , лекови и друго.