Данската дизајнерка Нина Брун направи чаша за виски со 3Д испечатен Mount Everest за да создаде друго ниво на искуство при пиење виски. Моделот од планината е во размер 1:230.000, создадена за Liiton вели дека го разладува пијалокот за 18 секунди. Овој патентиран систем се активира со претходно ставање на чашата во замрзнувач.

„Веруваме дека пиењето виски е свето искуство. Дури и најмалите детали можат да го направат пиењето виски подобро. Следствено на тоа, оваа чаша Mount Everest вклопува естетски пријатен дизајн кој изгледа убаво во ваши раце со одлики што го зголемуваат искуството при пиење на виски. За ослободување и издигнување на аромите на пијалокот, нежното вртење на пијалокот во чашата, дозволува аерацијата природно да ги отклучува вкусовите на пијалокот. За ова е разговарано со со безброј експерти, од дестилатори до миксолози.“ коментира основачот на Liiton, Пенг Ли.