Класичниот Motorola Razr на преклопување од 2000 година добива технолошка надградба и вистински камбек.
На 13 ноември беше ставено до знаење дека гласините кои кружат веќе цела година околу Motorola, се точни. Компанијата го редизајнираше класичниот телефон на преклопување кој уживаше голема популарност во 2000 година. Станува збор за Motorola Razr, кој на прв поглед делува како неговиот класичен претходник. Но, станува збор за smart верзија на истиот. Со својот 6.2 инчен екран и Flex View технологијата на преклопување, станува збор за прв телефон од ваков калибар во ново време кој ќе може да го чувате во џебот. Има надворешен дисплеј кој функционира кога телефонот е затворен, а е интерактивен како и внатрешниот.
Има Qualcomm® Snapdragon™ 710 процесор и 128 GB внатрешна меморија, 6 гига RAM меморија, водоотпорен дизајн, HD (2142 x 876p) графика. Ќе биде достапен за нарачка од 26 декември 2019, а на полиците ќе се најде веќе од јануари 2020. Неговата цена ќе изнесува 1.499 долари.