Понекогаш знаеме да се почивствуваме како да немаме сила за ништо, па може навистина лесно, и звучи утешно, само да ја зграпчиме вреќата чипс и да нарачаме нешто за испорака. Но не знаете дека храната што ја јадете може да придонесе за целокупното расположение и колку битно е да обрнете внимание на она што го конзумираме.

Врската помеѓу јаглехидратите и расположението ја прави триптофанот. Како што повеќе триптофан влегува во мозокот, се синтетизира повеќе серотонин во мозокот, а расположението има тенденција да се подобрува. Серотонин, уште познат и како регулатор на расположение, се создава природно во мозокот од триптофан со одредена помош на витамините Б. Секако најдобриот начин е избалансирана исхрана. Но ако некогаш имате потреба од подобрување на расположението тогаш паметно е да посегнете по следниве намирници:

Масна риба: омега-3 е важна масна киселина што нашите тела не можат да ја произведат самостојно. Но рибите како лосос и албакор се многу богати со оваа киселина. Омега-3 придонесува за клеточната мембрана на вашиот мозок, го поддржува развојот на мозокот и клеточната сигнализација. Исто така, докажано е дека го намалува нивото на депресија.

Ферментирана храна: здравје на цревата е одговорно за вашето расположение, варењето, телесната тежина, здравјето на мозокот, здравјето на срцето, кожата и многу повеќе. Затоа сакате да ги наполните цревата со добри бактерии. Ферментирана храна како кимчи, јогурт, кефир, комбуха и кисела зелка, го поддржува здравјето на цревата.

Шумско овошје: не само што изгледаат одлично во сад со јогурт, туку и се богати со антиоксиданси. Антиоксидансите можат да помогнат во управувањето со воспалението поврзано со депресија и други нарушувања на расположението. Боровинки, капини и рибизлите се богати со антоцијанини. Според една студија луѓето кои конзумираат храна богата со антоцијанин има 39 проценти помал ризик да развијат симптоми на депресија.

Чоколадо: поточно темното чоколадо. Самиот шеќер го зголемува расположението како брз извор на енергија за вашиот мозок, но внимавајте на „наплив на шеќер“, затоа е побезбедно да се држите до темно чоколадо отколку млечно чоколадо. Чоколадото ослободува голем број на засилувачи на расположението, како што се кофеин, теобромин и N-ацилетаноламин, супстанција хемиски слична на канабиноидите, кои се поврзани со подобрување на расположението.

Авокадо: најдобар избор за бранч. Авокадото е полно со масни киселини и богато со витамини како витамин К, витамин Ц, калиум и некои витамини од групата Б.