Бежичните активни слушалки за придушување на звукот од препознатливите производители како Bose, Bowers & Wilkins и Sony се синоним во своето поле. Одлично изградени, фантастичен финиш, имаат придушување на звукот за пример, врвно ниво на квалитет на звукот… Но, што ако сакате нешто поексклузивно? Нешто со повеќе луксуз? Тука на сцената стапува Montblanc MB 01.

Montblanc MB 01

Настанати во компанијата која ја изгради својата репутација благодарение на врвните пенкала, а од неодамна и со своето одлично мајсторство и разбирање на премиум материјалите кои ги инкорпорираа во производство на торби и часовници. Овие слушалки ветуваат одличен звук и ги исполнуваат и најистенчените вкусови.

Секако, кога станува збор за материјалите, Montblanc има се уште за учење. Со цена од 525 долари, MB 01 се далеку поскапи од конкурентите. Но, изгледот и чувството на MB 01 јасно порачуваат дека си имате работа со далеку поексклузивно нешто. Montblanc ова го нарекува „луксузен бизнис лајфстајл“.

Montblanc MB 01

MB 01 има компактен и среден дизајн. Без разлика дали ќе изберете финиш во сива боја со полиран метал, црна кожа со хромиран метал или кафена кожа со златен метал, опипливата и обемна дискреција е загарантирана. Само препознатливата шесткрака ѕвезда на Montblanc на двете страни открива за што всушност станува збор.

Кога се работи за техничките спецификации, Montblanc не се обиде да промени многу и да направи некои радикални револуции. А тоа е мошне паметна одлука. MB 01 има пар 40 милиметарски неодимиумски драјвери кои го испорачуваат звукот и Bluetooth 5.0 aptX HD конективност. Контролите се поставени на слушалката од десната страна. Батеријата може да издржи до 20 часа континуирано работење, што е навистина конкурентно. MB 01 пристигнува со брендиран USB-C кабел за полнење, што веројатно ќе чини цело богатство во случај да треба да се замени.

Montblanc MB 01

Секако, соодносот на цена и перформанси е малку нереален за „обичниот“ купувач. Не добивате ништо повеќе од она што веќе го има на пазарот кога станува збор за аудио квалитетот. Но, купувачите воопшто не би се грижеле за тоа. Со оглед на тоа дека станува збор за поексклузивен и полуксузен предмет во однос на конкурентите, Montblanc MB 01 секако мора да се смета за упех.