Montblanc го лансираше винтиџ часовник наречен 1858 автоматски 24H, кој го привлече вниманието поради бројчаникот кој се одликува со 24-часовна скала. Уште еден интересен детал е и тоа што овој часовник функционира со само една стрелка. Куќиштето со димензии од 42mm x 11.2mm и комбинацијата на челичната кутија со бронзена легура го дава тој „теренски” изглед.

Како ремен можете да бирате помеѓу три комбинации, челична нараквица, кожен во боја на коњак и црн најлон НАТО. Тоа што го прави овој часовник посебен е необичниот приказ на времето. Надворешниот бројчаник кој се состои од арапски броеви од 2-24 и цртички ги прикажуваат часовите, додека на внатрешниот круг се прикажани четвртини од часот. Интересно.