Иако монохроматската бури настана уште минатата година кога дизајнерите ги презентираа трендовите за есен 2019, најголемата прашина се крена годинава, кога пред неколку дена младиот актер Timothée Chalamet се појави на црвениот тепих во Венеција, во бисерно сива боја од глава до пети.
Така, само го засили и кај мажите, трендот кој веќе е далеку актуелен и кај жените. Освен што не ризикувате да ги утнете боите, нијансите, дезените при комбинирање, монохроматските верзии од глава до пети се практични, интересни, впечатливи, лесни и изгледаат средено.
Црната, кафеавата, сивата и тегетот се секогаш сигурни верзии, но ако сакате да покажете вистински стил, обидете се со крем, светло сива, сина или црвена.