Пред официјалното лансирање на колекцијата Moncler + Rick Owens, креативната соработничка и француска модна икона, Мишел Лами, презентираше креативна програма во тур-автобусот на модниот дизајнер. Ултра-заштитениот кожурец беше целосно тапациран во Moncler, а за оваа програма тој пропатува од пустината Невада до Милано.

Инспириран од класиката „L’Amour Fou“ на Jacques Rivette од 1969 година, Лами ги помести границите на културата и комуникацијата притоа покажувајќи како е да се живее во простор без територија и граници, преку комуникација со гостите од надворешниот свет од изолиран автобус.

„Изолацијата, заштитата и моментумот се мои впечатоци за тоа што се застапува Moncler, а примената на мојата естетика на изолиран патувачки меур беше мојот одговор на предизвикот за соработка“, рече Овенс.

Целата соработка се сведува на авангарда со екстремни волумени, црна, сребрена боја, најлон, која освен бомбер јакни има и монтки, маици, кашмир, бермуди па дури и чизми.