Инспиративното и безвременско парче класичен дизајн го издржа тестот на времето. Часовникот инспириран од тркачките автомобили, со квадратен облик е четвртиот по ред во линијата престолонаследници. Овој Monaco рачен часовник на Tag Heuer треба да ја прослеви 50 годишнината од првото појавување на оригиналниот Monaco во 1969 година. Причината за неговата појава беше Monaco Grand Prix. 

Tag Heuer Monaco

Изминатава година Tag Heuer лансираа неколку верзии во чест на Monaco. Секоја од верзиите почнувајќи од оригиналниот, па сè до денес, го претставува стилот на една декада. 

Последниот за годинава го носи името Monaco 1999–2009 Edition. Беше презентиран во Јапонија, а имајќи предвид дека беа изработени само 169 парчиња, сите беа продадени, иако цената изнесуваше 6.500 долари.