Зад секој успешен бизнис се крие некоја идеја, зад секоја идеја се крие успешен тим, а на секој тим му се потребни вистинските алатки кои ќе ја следат неговата динамика и ќе го олеснат секојдневието. А дефинитивно, најважниот додаток и алатка во ова модерно време е мобилниот уред.

Децениското истражување, иновирање и имплементирање на компанијата Samsung резултираше со најновиот смартфон од линијата Galaxy S – Samsung Galaxy S10+. Моќен, уникатен, препознатлив. Создаден за потребите на модерниот успешен човек, дизајниран за лесно управување и креиран внимателно, до најмал детаљ.

Најновото “чудо“ на компанијата Samsung плени со “Infinity-O“ екран кој овозможува непречен приказ за корисникот, огромен спектар на бои, а заоблените рабови создаваат неверојатно удобно чувство за држење и ракување на уредот со една рака.

Благодарение на вештачката интелигенција која учи како корисникот управува со телефонот, најновиот смартфон го следи фуриозното темпо на живот на корисникот овозможувајќи максимална искористеност на батеријата со капацитет до 4100 mAh, која нема да ве остави кога ви е најпотребна.

А пак за оние кои уживаат и имаат потреба од креирање слики, податоци, видеа, моменти тука е внатрешната меморија од 1 терабајт. За сите моменти, за најубави спомени. Не пропуштајте ниту еден миг.

Безбедноста пак е на едно ново, поинакво и посилно ниво. Со првиот во свет, ултразвучен скенер за отпечатоци на прсти кој ги чита три-димензионалните контури на прстот секој податок на корисникот се чува безбедно, налик сеф.

Сега сите ваши деловни податоци ќе бидат безбедни од туѓите очи. Но сепак, за успешна кариера, односно успешен бизнис, потребен е баланс. Затоа во слободното време искористете ги неверојатните карактеристики на предната и задната камера, со “Dual Pixel“ сензор, ултраширок објектив со видно поле од 123 степени кој одговара на човековото око и 16 мегапиксели.

Со овие перформанси претворете се во вистински професионален фотограф. За љубителите на опуштање во ноќните часови и за сите оние кои сакаат пред спиење да видат што има ново во светот на бизнисот, Samsung Galaxy S10+ пристигнува со опцијата “Nightmode“- опција која ја прилагодува светлината на уредот за квалитетно користење во темнина. Едноставно, создаден за баланс и уживање. Ја следи вашата динамика. Samsung Galaxy S10+.

ВИСТИНСКИ ДЕЛОВЕН ПОМОШНИК ЗА ВАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ – Samsung Galaxy S10!

Промените во бизнисот се случуваат постојано и многу брзо. Ова наметнува потреба да работите од било каде, без разлика на локацијата. Потребна е вистинска флексибилност и подготвеност за соработка. Со најновата Galaxy S10 серија на уреди, можете да направите сè од вашиот телефон најбрзо што може, воедно чувајќи ги вашите лични податоци, како и оние на вашата компанија, постојано заштитени.

Новите Samsung уреди – Galaxy S10+, S10 и S10е имаат моќни перформанси, прецизен дизајн креиран лесно да се вклопи во вашите раце и извонредни перформанси кои одговараат на секојдневните потреби кои ги носи деловниот светот. А за најзафатените, тука е можноста да го користите уредот само со една рака – лесно, едноставно, функционално.

Samsung Galaxy S10+

Samsung Galaxy S10 уредите работат попаметно и подобро, благодарение на Вештачката Интелигенција и моќниот софтвер. Поддржани од Самсунг Декс (Samsung DeX), повеќе нема потреба да го носите со себе вашиот лап топ.

Моќната, интелигентна и трајна батерија работи според вашите потреби, а интелигентниот систем на перформанси ја оптимизира работата и потрошувачката на батеријата според вашите рутини и навики, како и начинот на кој го користите уредот. На овој начин, вашиот паметен Galaxy S10 уред ќе биде покрај вас кога ви е најпотребен.

Безбедност на повисоко ниво

Galaxy S10 поставува нови стандарди за тоа што означува безбедност на високо ниво преку неколку иновации – ултрасоничниот скенер за отпечаток на прстот и безбедносниот систем Самсунг Нокс (Samsung Knox) кој ви помагаат постојано да држите сè под контрола.

Прилагоден на вашето работење

Искористете ја моќноста и флексибилноста што ја нуди Samsung S10 серијата на уреди. Чекорете низ денот паметно и енергично, исто како Galaxy S10е. Или пак, направете повеќе со моќниот процесор и чувајте ги вашите податоци заштитени на ниво налик сеф со новиот Galaxy S10. А со Galaxy S10+ проширете ги хоризонтите со неверојатните можности на уредот и со огромната меморија која ви дава чувство на слобода.

Бидете подготвени за одговор, постојано и секаде.