Секако многу нешта што сме ги гледале во филмовите стануваат реалност, па така Mojo Lens дизајнираше контактни леќи кои совршено се вклопуваат на вашето око и им овозможуваат на корисниците поврзување на интернет преку „невидлив компјутер” без да му пречат на вашиот фокус.

Оваа soft robotics направа која е од страна на оптометристи, технолози и медицински стручњаци има за цел да доставува информации веднаш, во реално време. Интересен е фактот дека леќите даваат информации и кога очите ви се затворени, а има и опција за ноќно гледање што ве прави како човек кој поседува супермоќи.

Mojo Lens

Ова помагало е доста практично бидејќи е дизајнирано да нуди метрички информации на велосипедисти, имиња и титули на работни места на луѓе што ги среќавате за прв пат користејќи препознавање на лице, упатства или точки на разговор за презентација за да не мора да гледате белешки.

На развојот на овој уред се работело десет години, со прв прототип кој можел да се користи објавен на почетокот на оваа година. Леќата е направена од најмалиот и најгустиот динамичен дисплеј некогаш направен, најефикасниот сензор за слика, безжично радио и motion сензори за следење на око и стабилизација на сликата.

Визијата на компанијата е да имате на располагање невидлив компјутер каде ги имате потребните информации кои вие ги сакате кога вие ги сакате. Mojo Vision не е првата компанија која развива smart vision леќи.

Тим научници од University of California San Diego развија свои контактни леќи кои ги користат електричните сигнали што се случуваат при движења во очното јаболко, за зумира доколку корисникот трепне двапати, наменети за луѓе кои користат очна протеза или очила.

Исто така во 2013 година Google ги лансираше Google Glass, кои во 2015 година беа прекинати поради недоволно привлеченото внимание и високата цена од 1.500 американски долари. Може Mojo Vision ќе има среќа.