КОВИД-19 остава долг список на откажани и неодредено одложени настани. Истото го доживеа и машката модна недела П/Л 2021 година во Лондон, Милано и Париз, првично закажана за јуни, а сега веќе симната од распоред.
Покрај машката недела, францускиот Fédération de la Haute Couture et de Mode, објави дека ја откажува и Haute Couture недела, која беше закажана за почетокот на јули. Во соопштението за медиумите беше изјавено дека активно работат на алтернативно решение.
Слично соопштение стигна и од The Camera Nazionale della Mode Italiana, која изјави дека работат на нови дигитални платформи со цел продолжување на приказната на Модната недела во Милано, развој на B2B и B2C платформи во корист на брендовите, луксузните компании и сите други играчи во модната индустрија.
Овие модни ревии кои во последните години имаат статус на спектакл, се од голема важност и клучни настани за сите учесници во оваа индустрија. Уредници и новинари од целиот свет ги полнат страниците на своите брендови СПИСАНИЈАТА со слики од овие настани. Брендовите и организаторите засега се обидуваат да изнајдат начин како да заменат барем дел од она што ќе се изгуби.
Колку ќе трае ова никој не знае и тоа е она што задава главоболка во моментов бидејќи постои цела глобална мрежа на не само добро познати брендови и продавници, туку производители на текстил, шивачи, списанија и новинари и така натаму кои се потпираат на модната индустрија и од кои црпат средства за своја егзистенција.