Дури и да не ја прогласат дизајнерите за боја на сезоната, кога е во прашање есента, бојата на виното и сите нејзини нијанси по инерција ја најавуваат сезоната. Бордото делува топло, потсетува на фланел, на тексас, на плетен шал, на џемпер и самата по себе си го зема местото во гардероберот. Искористете го преминот од лето кон есен, па комбинирајте ја со омилените фармерки и маица, како кошула која е повеќе додаток, отколку вршител на некаква функција. Оваа среда, нека преовладува во вашиот изглед, нека ви даде моќ и самодоверба. Инспирирајте се!