Артистот Miguel ги здружи силите со Modern Fidelity – напредната аудио компанија која ги редифинира домашните музички уреди – со цел да го создадат и претстават неверојатно напредниот MODFI-7 звучник.

Како дел од бордот на Modern Fidelity, артистот наградуван со Греми, заедно со основачите на брендот, Гери и Бенџамин Лидс, го конструираа звучниот систем со ретро стил од средината на минатиот век со врвни аудио можности, прекрасен дизајн и одржлив извор како начело на нивната визија.

Modern Fidelity

Бежичниот звучник ги спојува сите витални елементи на едно моќно стерео искуство. Во себе има врвен технолошки систем за максимална функционалност кој се одликува со неодимиумски магнет и 5,25-инчен вуфер со цел да ја реплицира фрекфенцијата на жив звук. Уредот нуди бежична конективност преку Apple Airplay, Google Chromecast, Spotify Connect и Bluetooth, како и aux приклучок за директна конекција.

Покрај тоа што содржи помалку од 1 проццент пластика, звучникот е направен целосно од одржливи материјали. Звучниот систем е поставен во дрвена кутија, поставена на челична поставка која се поставува на задниот дел. Црната и белата боја се финиширани со автомобилска фарба, додека оревата итерација е комплетирана со вистинска иверка.

„Естетски и сонично ова е најдобриот домашен звучник кој некогаш сум го имал. Јас лично го користам за да слушам се, од аудио книги, медитации и секако, музика“.

MODFI-7 е веќе достапен за преднарачка на сајтот на Modern Fidelity за 995 долари.