Можеби се чини дека индивидуалноста е невидлива, па сепак станува сè поактуелна и сè повеќе се носи, што секако се исчитува преку самата облека. Во светот овој тренд веќе го има усвоено и мнозинството од машката популација што секако е за пофалба и само зборува за тоа дека и мажите сè повеке се трудат да го промислуваат својот сопствен стил. Со самото тоа ја промислуваат и една од најбитните одлики на секој – индивидуалноста.

Ова се чини како најдобар моден тренд до сега, зошто токму на индивидуалноста се темелат сите останати трендови и нивната носливост. И ако оваа тенденција и понатаму продолжи да се развива, што е многу веројатно, на добар пат сме модните грешки на кои сите се повеке или помалку подложни сè помалку да се случуваат.

И како што тоа честопати бива, многумина пронаоѓаат свои модни примери меѓу медиумски експонираните, иако главни промотори на индивидуалноста се секако модните дизајнери со своите иновативни и разнообразни колекции кои ги претставуваат секоја сезона.

Иако има дизајнери кои го негуваат класичниот, сигурен стил со малку помодерен изглед, сепак токму оние кои со своите нетипични парчиња облека ги поместуваат границите на трендовите и желбите на модните вљубеници, ги мотивираат поединците да ја изразат својата индивидуалност преку новите, но и старите парчиња облека.

Доволна е само малку воља за креативност. Основата е тоа да биде облека која буди сигурно чувство пред сè. Покрај тоа за истакнување на сопствениот стил во облековните комбинации треба да се вметнат секако и омилените бои со што ќе се истакне најдоброто од својата индивидуалност.

Светот едноставно не може да се замисли без боите, а со тоа и нашите животи. Се разбира изборот е индивидуален па затоа треба да се знае дека некои бои на лицето му даваат посебен израз. Со вистинскиот добар и пријателски избор на нијанси изгледот може во голема мера да се преобрази во своја корист.

Изборот на вистинска боја на облеката во горниот дел во голема мера може да придонесе многу неправилности да се ублажат. Освен тоа, благодарение на вистинската боја може визуелно да се дефинира линијата на брадата.

Да се препознае и да се носи вистинската боја е тајната на безвременската убавина од памтивек. Бојата ја карактеризира хроматската вредност, светлината и силината. Хроматска вредност е она што го гледаме како разноликост од топла до студена боја. Студените бои во основата ја имаат сината, а топлите жолтата боја. Во зависност дали тенот е топол или студен треба да му се прилагоди и облеката.

Светлината е количината на белата во боја во бојата па колку што има повеке бела толку бојата е посветла. Додека спротивно на тоа, бојата е потемна со повеке количеството на црна. Затоа некој блеска во црна додека нечија убавина ја потенцира белата. И на крајот силината или јасноста. Имено бојата е или јасна или загасита. На пример волната изгледа мат додека сатенот и свилата сјаат и на тој начин изразуваат широчина. Од кога еднаш ќе се усвои анализата на боите станува многу полесно организирањето на сопствениот орман.

 

СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ-НИТУ ЕДЕН ДЕЛ, ТЕКСТ ИЛИ ФОТОГРАФИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕПРОДУЦИРА ИЛИ ДИСТРИБУИРА НА БИЛО КОЈ НАЧИН И НА БИЛО КОЈ ЈАЗИК БЕЗ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ММАГАЗИН. НОСИТЕЛ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВРЗ ТЕКСТОТ И ФОТОГРАФИИТЕ Е АМПТЕАМ ДООЕЛ.