Ако стравувате дека кошулата од фланел е излезена од 2014 година кога половина планета изгледаше како група урбани дрвосечачи, не треба да се плашите повеќе. Модата во 2019 повторно ги воздигнува кошулите од фланел.

Станува збор за материјал кој ќе ве прегрне поубаво од душекот на кој спиете, кој не бара неверојатно внимание како кашмирот, а кој совршено се вклопува во секоја casual варијанта. Секогаш можете да го носите со фармерки, иако за да излезете од шаблонот, ве советуваме вниманието да го свртите и кон темни деним панталони, крем панталони па дури и тренерки.

Кошулата од фланел инсистира да е обоена во богати, темни верзии, а совршено се согласува со обичните маици со краток ракав. Дозволете си есенска стилска модна прегратка.