Сигурно сте забележале дека некои вежбачи цело време „се издефинирани“, а Вие и покрај тоа што се трудите од петни жили, дефинирањето на мускулите оди многу бавно. Зошто? Одговорот се крие во миксот на гени, изборот на животниот стил и начинот на вежбање. Кога станува збор за гените, тука сме немоќни. Некои луѓе се раѓаат со долги мускули, а кратки тетиви. А тоа е идеално за супер тонирано тело.

Од една страна иако звучи логично дека висок атлетски граден маж би имал долги коски па и долги мускули, токму поради тоа што има долги раце и нозе, немора да значи дека ќе има долг мускул споредено со должината на неговите коски. Некој кој е низок на пример, може да има долги мускули и добар потенцијал да биде убаво граден.

Сите ние сме родени со спори и брзи мускулни влакна. Кога тренираме тренинг за сила, брзите мускулни влакна побрзо реагираат и растат многу полесно. Па согласно тоа, оние кои се родиле со повеќе од просекот брзи мускулни влакна ќе имаат подобар ефект од тренингот за сила.

За жал, доколку имате пократки мускули не може многу да сторите, но може да го прилагодите тренингот според вашите мускулни влакна. Доколку сте се родиле со повеќе спори мускулни влакна, вие сте одличен во активности кои бараат издржливост бидејќи вашиот тип на мускулни влакна не се изнемоштуваат лесно. Тоа значи дека ви одговара тренинг со повеќе повторувања.

Доколку сте родени со повисоко ниво на масни наслаги, значи дека повеќе бенефит ќе имате од аеробен и кардио тренингот, отколку од тренинг за сила.

После сè ова, генералниот рецепт би бил, доколку сакате дефинирано и тонирано тело, треба да внесете тренинг со отпор и да ги топите вишокот на масни наслаги.

Комбинација на аеробен и анаеробен-тежински и тренинг за издржливост е солидна стратегија. Кружен тренинг или тренинг со интервали каде ќе менувате 5 до 10 вежби кои таргетираат различни мускулни групи или наизменични периоди на тренинг од среден до висок интензитет со периоди на активен или пасивен одмор ќе го забрзаат метаболизмот и ќе остане забрзан и 6 часа после тренингот. Вакви тренинзи во комбинација со висок внес на протеини ќе ви помогне да топите масти, а во исто време да градите мускули.

Со оглед на тоа дека мускулите се содржат од 75 до 77% вода хидратацијата е многу важна. Доколку телото е хидрирано, мускулите ќе функционираат и ќе изгледаат подобро, а и Вашата кожа.

Потоа, мора да се спомне и правилниот начин на исхрана. Фокусирајте се на поголем внес на протеини, а помал внес на бел леб и шеќери.

Доколку навистина се потрудите, резултатите се неизбежни!

СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ-НИТУ ЕДЕН ДЕЛ, ТЕКСТ ИЛИ ФОТОГРАФИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕПРОДУЦИРА ИЛИ ДИСТРИБУИРА НА БИЛО КОЈ НАЧИН И НА БИЛО КОЈ ЈАЗИК БЕЗ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ММАГАЗИН. НОСИТЕЛ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВРЗ ТЕКСТОТ И ФОТОГРАФИИТЕ Е АМПТЕАМ ДООЕЛ.