Познатата компанија Michelin се стреми да ја претстави иднината сега, со својот нов визионерски концепт за пневматици. Овој концепт кој е наречен Michelin Uptis (кратенка од unique puncture-proof tire system) претставува нова генерација на технологија на пневматици за патнички возила кој е отпорен на дупки и кој не користи воздух.

Целта на Michelin кој склучи заеднички договор за истражување со General Motors, планираат да го потврдат прототипот во 2024 година. Стратегијата е фокусирана на одржлива мобилност и цел за користење на 100% одржливи материјали во производство на пневматици до 2050 година. Концептот VISION ја покажува способноста на Michelin да одговори на овој предизвик, а Michelin Uptis е првиот чекор кон остварување на тоа. Стратегијата е создавање на циркуларна економија: намалување, повторна употреба, рециклирање и обновување, што претставува дефиниција за еколошка мобилност на иднината.

Овој пневматик е решение за мобилност што го елиминира ризикот од дупнати гуми и опасностите кои произлегуваат од дупнување на истата на патот. Технологијата на развој го минимизира редовното одржување, како што се проверка на притисок, го намалува отпадот бодејќи е потрајна, ги намалуваат вкупните суровини и енергија што се користат во производството на истата.