И покрај темните облаци нас економијата, светот и екологијата, Michael Kors е светла точка на модата и животот. Преку модното шоу приредено во складиште во Бруклин, Kors ја претстави својата најнова колекција за мажи и жени, наменета за пролет- лето 2020.

Палетата на бои е црвена, бела и сина, со акцент ставен на убавиот префинет крој, а колекцијата е динамична и со богат сјај од најсветлите денови на минатото. Michael Kors за мажите одбрал oversized палта и одела, масивни шалови, ремени, удобни џемпери.