Калифорниската стартап компанија The Smart Tire Company користи технологија на NASA за создавање на велосипедски гуми, наречени METL, кои планира да го пласира на потрошувачкиот пазар. Оваа технологија која е првично измислена од NASA за роверите кои беа дел од мисиите на Месечината и Марс сега ќе бидат достапни и за широка потрошувачка.

Направена од лесни материјали познати како NiTinol +, METL е доволно еластична а сепак цврста како титаниум и има карактеристика за памтење на формата. Овој материјал би влијаел и на екологијата, поради неговата долготрајност за разлика од материјалите кои се користат сега.

„Единствената комбинација на овие напредни материјали, заедно со следната генерација, еколошки дизајн, создаваат револуционерен производ“ изјави извршниот директор на компанијата Ерл Кол.

Според научниците во NASA легурите кои имаат мемориска форма се клучни во револуцијата на целата индустрија на копнени гуми. Мало разочарување во овој момент е тоа што овие гуми ќе бидат достапни дури во 2022 година.