Метју Меконаги е добар во толкување лоши момци. Можеби не лоши, но секако не се невини и наивни. Токму таква е и неговата најнова улога во  The Gentlemen. 

The Gentlemen

Режијата на филмот ја потпишува Гај Ричи. Останатите улоги ги толкуваат Чарли Ханам, Хју Грант, Колин Фарел и Мишел Докери, а тексашкиот актер одлично се снаоѓа како Американец во нелегалната огромна операција со канабис. 

The Gentlemen треба да се појави во кино салите кон крајот на јануари наредната година.