34-годишниот Метју М. Вилијамс од понеделникот е нов креативен директор на Givenchy. Со ова Американецот ќе стане втората streetwear ѕвезда која ќе го преземе управувањето со голем француски луксузен бренд. Претходно неговиот пријател Вирџил Абло од претходно е главен дизајнер на Louis Vuitton палетата за мажи.

Исто како и Абло, Вилијамс најпрво соработуваше со раперот Кање Вест пред да се осамостои со неговиот 1017 ALYX 9SM бренд. Базиран во Италија, каде што Вилијамс сега живее, неговиот бренд стана вистински хит во последниот период.

„Ова е мојот сон да бидам на една ваква позиција и навистина е нереално што конечно се остварува. Работев напорно секој ден 15 години за да ја исполнам оваа цел. Истовремено, има горчливо-сладок вкус бидејќи живееме во тешки времиња и се надевам дека на некој начин ќе успеам да донесам надеж и со моето опкружување ќе создадеме позитивна промена во индустријата и во светот“, истакна Вилијамс преку својот Instagram.

Вилијамс претходно изјави дека му должи речиси сѐ на Кање Вест за своите успеси.

„Тој е човекот кој прв ми даде шанса. Направив палто за него за да го носи на Grammy наградите кога имав 21 година. Потоа ме праша колкава е мојата плата, на што му одговорив ‘Ништо’, а тој ми рече ‘Океј, ќе го удвојам твоето ништо за да работиш за мене’. Следниот ден бев во авион со него на пат кон Јапонија. Тој беше одличен пријател и ментор“, изјави Вилијамс.

Дизајнерот подоцна го основа култниот музички и моден колектив Been Trill со Вест, Албо и Престон Херон. Нивната најпозната креација беше пар врвки со натпис Fuck Off кои чинеа 100 долари.

Сидни Толедано од LVMH, францускиот моден гигант во која дел е и Givenchy, истакнува дека „го следела како Вилијамс прераснува во огромен талент. Верував во неговата визија за модерност и дека ќе биде одлична можност за Givenchy да испише нова страна“.

Името на брендот на Вилијамс доаѓа од неговата ќерка Alyx (Аликс) и неговиот датум на раѓање.

Американецот ќе ja замени британската дизајнерка Клер Вајт Келер, која се повлече во април. Вилијамс ќе дизајнира само за машките и женските колекции на Givenchy, што предизвикува шпекулации дека брендот ќе се повлече од елитните париски шоуа.

Неговото прво Givenchy шоу ќе се одржи во Париз во октомври.