Жедните фанови на Metallica, од сега ќе може да уживаат во вкусот на „Sweet Amber,“ спакуван во опасно рокерски дух.

Љубителите на старата добра метал музика, веројатно веќе се запознаени со „Blackened whiskey,“ вискито на легендарниот бенд. Но, ново најавената кутија „Batch 100“ дефинитивно го отсликува духот на култниот бенд. Со ова, уметноста на пиење виски се искачува на едно друго ниво.

За оние кои не се толку големи фанатици на Metallica, името Blackened потекнува од албумот And Justice for all…, од далечната 1988 година. Истото е мешавина на ‘рж –бурбон, инфузирана со звуците на култните песни на Metallica во текот на целиот процес на стареење во црните буриња за бренди. Вискиво е сопственик на златен медал за американско виски. Серијата „Batch 100,“ доаѓа во пакет со две плочи во кои е снимена музиката која го обликувала вискито во процесот на стареење, ексклузивни фотографии од бендот и првото издание на магазинот Blackened Zine единствено достапно преку овој сет. Потоа, белешка од Ларс Улрих во која е претставена плејлистата на Роб Дитрих и рецепт за коктел и совети од истакнатиот бармен Бад Бирги.

Metallica

Плејлистата е избрана од мајсторот за дестилација и блендер – Роб Дитрих, кој комплетно ги презема обврските од неговиот претходник Дејв Пикерел кој почина во 2018 година.

 

Магијата на Blackened? Во црните буриња вискито се инфузира со звучни бранови со ниски херци толку интензивни кои всушност ја засилуваат молекуларната интеракција на вискито со дрвото. Целиот Black Noise sonic процес создава една течна напивка со пријатен дух и медово калибарска нијанса. Изорена карамела, даб и мед се првите ноти кои се чувстуваат на мирис и вкус. Подоцна се чувствува и умерена доза на зачин. Потоа вкусот се зајакнува со ароми на цимет, арипанс, каранфилче и нане, со неочекувана позадинска нота на кајсија. Крајот е долг и префинет со кремасто навестување на тафта, јавор и мед.

Колку ќе ве чини ова опасно добро задоволство? 149 долари, а истото е достапно онлајн.