Најновиот Maybach на Mercedes го носи името GLS 600 и претставува најлуксузното теренско возило во светот досега. 

Елитната гранка Maybach на Mercedes дебитираше со GLS 600 во Кина и веќе го носи името најлуксузниот SUV досега. Екстериерот е моќен и масивен, додека ентериерот ги исполнува сите очекувања во однос на пространост, комфорт и луксуз.

За да се качите во возилото, постојат 81 инчни скалила со погон сокриени во прагот на возилото, кои се активираат во истиот момент кога ќе се отвори вратата.

Како дел од ентериерот ќе најдете и неколку екрани на допир, LED осветлување и мини бар кој може да разладува до 3 шишиња шампањ. На моќноста на изгледот на внатрешноста и надворешноста, придонесува и AMG 4 литарски V8 мотор. 

Цената за ова луксузно возило сè уште не е објавена, но се очекува да биде една од најскапите возила произведени во САД.