Mercedes го зголеми својот удел од 2,6 проценти на 20 проценти во компанијата на британскиот автомобилски производител. Всушност ова партнерство оди чекор понапред со тоа што британскиот производител на автомобили во замена на акции добива развиена технологија за EV и хибридни погонски единици.

Акциите ќе бидат во вредност од 316 милиони евра и со тоа Mercedes значително ќе го зголеми својот удел во британскиот производител. Mercedes во моментов има 2,6% од акциите во Aston Martin, а со новиот договор тоа ќе се искачи на „не повеќе од 20 проценти“. Според извештаите, замената ќе се одвива во неколку пакети во следните три години.

Главните услови за првиот технолошки пакет е веќе договорен и се вреднува на 155 милиони евра. За да го исплати сето тоа, Aѕton Martin ќе ги зголеми акциите на Mercedes во компанијата од 2,6 на 11,8 проценти. Иако останува нејасно што вклучува првиот технолошки пакет, извршниот претседател на Aston Martin, Лоренс Строл истакна:

„Денеска, ние правиме уште еден голем чекор напред со оглед на тоа дека нашето долгогодишно партнерство со Mercedes-Benz AG се издигнува на друго ниво, со тоа што Германците стануваат едни од најголемите сопственици на компанијата. Преку ова ново проширено партнерство, ние обезбедуваме пристап до технологии од светска класа за да ги поддржиме нашите долгорочни планови за производствена експанзија, вклучително и електрични и хибридни погони и ова партнерство ја поткрепува нашата самодоверба за иднината“.

Прочитајте повеќе на avtoplus.mk