Навигацијата низ вистинските животни предизвици е доста тешка во модерното општество. Потребна е свест, финеса и познавање на сопствениот ум доколку сакате да изградите ментална сила и да не западнете во некоја лоша состојба. Еве неколку лесни чекори кои можете да ги следите и да создадете ментална сила:

-Дали можете да станете физички посилни без да ја напуштите зоната на ментална удобност?

Најлесен начин за одговор на ова прашање е доколку знаете дека „Телото може да се прилагоди само ако се соочи со нешто ново, и дека новите предизвици нема секогаш да бидат удобни“. Истото важи и за нашиот ум. Тој ќе се прилагоди на непријатноста и ќе ја зголеми и вашата ментална сила а со тоа ќе влијаете и на физичката. Најдобар тренинг за тоа например е додавање на нова цел секоја недела, како додавање на еден километар повеќе за возење точак.

-Дали сакате да престанете да се опседнувате со неуспесите?

Замислете Мајкл Џордан се смета самиот себе за неуспех тој промашил повеќе од 9.000 пати. Но научил дека правењето грешки е само извор на повратни информации што ве информираат дека сте на добар пат кон успехот. Сето она што вие го сметате за грешка искористете го да се фокусирате на она што треба да го направите следно. Потоа заборавете на грешката. Едноставно замислете си како ја пуштате како тоалетна хартија низ водата. Поентата е да ја оставите грешката и да се надоврзете на она што сте го научиле. Многу јасно дека не можете да се претставите најдобро кога се фокусирате на најлошото.

-Како да се откажам од негативноста?

Наједноставно е да се направи список на благодарност. Но можете тоа да го замените и со правење на нешто за некој друг. Активен пристап кон прочистување од љубомората и негативноста е практикување нa љубезност.

-Како да избегнам исцрпеност без да се откажам од канцеларијата?

Учењето да се користи зборот „не“ доаѓа природно за некои од нас. Многу луѓе не го користат затоа што се плашат дека ќе ги загубат можностите, работодавачите, клиентите… Но во реалноста ситуацијата е ваква, кога се почитувате себеси, другите ве почитуваат повеќе.

-Како да престанете да одложувате?

Ако животот ви пречи во она што треба да го направите, намалете ја големината на задачата – одвојте десет минути на неа наместо 30 -те што сте ги планирале – но секогаш држете се до распоредот. Само не си давајте можност да го прескокнете.

-Како да се справите со загуба на сакана личност?

Да се ​​биде „силен“ не значи да се воздржите од емоциите и солзите. Начин да покажете сила е да не се плашите да ја откриете својата повреда. Така на луѓето што зависат од вас ќе им послужите како модел, па ќе знаат како да се справат и носат во таква ситуација.

-Како да се ресетирате од читањето на вести кои често ве вознемируваат и лутат?

Вестите предизвикуваат стрес поради чувството на безнадежност и чувство на неправда. За да обработите тешки вести, обидете се да создадете граници околу тоа како ги добивате и најдете луѓе со кои ќе имаат значајни разговори за тоа, најпрепорачливо е стручно лице. Добро е и да се потсетите дека повеќе глави размислуваат подобро од една. Така ќе сватите дека делите мислење со други па можете да превземете заедно некакви активности кои би довеле до намалување на чувството на немоќ.