Новата линија на дизајнерот Kenneth Cobonpue го исполнува вашиот дом со стилски мебел. Оваа колекција на мебел засега е достапна во САД и содржи шест предмети, од кои секој е инспириран од специфичен карактер во филмот.

„Сакавме да ја инкорпорираме суштината на секој лик на Војна на ѕвездите во дизајните, додека остануваме верни на нашата естетска и процесот на рачна изработка … Се потрудивме Star Wars да го креираме низ призмата на филипинското занаетчиство и креативност. Беше голем предизвик, но во исто време и многу забавно “, рече Kenneth Cobonpue во изјавата.

Линијата на мебел содржи три фотелји и тоа The Darth Vader, The Sidious и The Imperial Wings. Другите парчиња на мебел кои ја комплетираат линијата се TIE Fighter масата која доаѓа во црна и бела боја, Little Jedi лампата која е композиција од минијатурни фигури која ја претставува борбата и прекрасно столче кое потсетува на Wookiee Chewbacca.