Стилски дизајнирани очила за сонце кои не само да ве направат да изгледате убаво, туку и да го надополнете вашиот личен стил доколку се возите со сверките на McLaren.

Најдобра карактеристика на овие очила е тоа што при купување , вашето лице се скенира, за да може 3D печатената рамка да одговара на цртите на вашето лице, односно за да се обезбеди персонализација.

очила за сонце

За изработка на овие очила компанијата соработува со францускиот специјалист за наочари L’Amy, кој произведува рамки за очила од 1810 година и во моментов работи со брендови како Cerruti 1881, Chevignon, New Balance и Vespa.

Рамките на овие очила за сонце се направени од титаниум како примарен материјал. Стаклата на очилата се прицврстени за рамката само на две точки и се направени во соработка со Leica, третирани со AquaDura Vision, анти-рефлектирачки слој, кој го намалува сјајот предизвикан од предните светла на другите возила. Постојат пет типа на очила, вклучувајќи ги и Leica Driving Series, очила кои го намалуваат заморот на очите и го зголемуваат видното поле.