Легендарниот аудио бренд McIntosh најави враќање во автомобилскиот свет и тоа во 2022 Jeep Grand Wagoneer. Со репутација на една од најдобрите компании кога станува збор за добар звук, McIntosh, со неговиот MX1375 забавен систем, ексклузивен за Jeep Grand Wagoneer сака да постигне неверојатно аудио искуство. MX1375 е 24-канално, чудо од 1.375 вати, кое има 23 звучници за внатрешноста на Grand Wagoneer, и 12-инчен сабвуфер. Покрај ова тој има и уникатен Adaptive 3D Surround Processing систем, за кој се вели дека пружа импресивно аудио искуство. Овој систем е производ на многучасовно проучување на возилото, па така кога ќе се стартува автомобилот, на инфозабавниот систем ќе ве пречека екран со препознатливи аудио мерачи на компанијата. Бидејќи оваа опција се очекува да биде доста скапа, McIntosh разви и помалку моќна верзија наречена MX950 која се одликува со 18 звучници, 10-инчен сабвуфер и 17-канален засилувач.