MB&F го слави својот 10-ти роденден со уникатен часовник MB&F HM4 Kittyhawk, именуван за познатиот борбен авион P-40 Kittyhawk кој прв пат полета во 1938 година. Куќиштето е изработено од титаниум, и е со димензии 52мм х 54мм со мотив на ајкула од страните.

Под хаубата, буквално со овој часовник, се наоѓа механизам MB&F HM4 кое поради уникатната форма на куќиште има комплет од 311 компоненти. Уникатноста на MB&F HM4 Kittyhawk доаѓа и со сликата од ајкула која е рачно нацртана од страна на Изабел Вила. Финишот од проѕирен лак за заштита е надополнет со коженремен. Цената на овој часовник се дознава по барање.