Airbus се пофали со својот проект MAVERIC, футуристичко летало со подобрена ефикасност на гориво и удобност на патниците. Иако летало со сличен дизајн подолго време е во воена употреба (Northrop Grumman B-2 Spirit Stealth Bomber), комерцијалната авиокомпанија вели дека овој конкретен дизајн би можел да ја подобри економијата на гориво за 20 проценти, како и значително да го подобри искуството на патникот.

Проектот MAVERIC беше презентиран на Саемот за воздухопловство во Сингапур годинава. Според изјавите од компанијата, тенденцијата на овој проект е извлекување на максимумот што технологијата може да го даде. Оттука соединувањето на тело-крило е потенцијално подобрување на перформансите, бидејќи обезбедува извонредно удобен распоред на кабината, овозможувајќи им на патниците да имаат корист од дополнителен простор.