Четвртото продолжение на Matrix се враќа на големото платно со некои стари и неколку нови ѕвезди.
Секоја вест во врска со Matrix 4 е повозбудлива од претходната за фановите на трилогијата. Така и оваа. Објавена е листата на поголемиот дел од актерите кои се враќаат во своите улоги и некои нови.
Една од најважните вести е дека Кијану Ривс се враќа во улогата на Нео исто како и Кери Ен Мос како неговата партнерка Тринити. Сè уште не е сигурно како ќе се вратат, со оглед на тоа што не се живи, но самиот концепт на Matrix се заснова на вештачка интелигенција, па останува да бидеме изненадени.
Нил Патрик Харис и Јахја Абдул Матин II ќе се појават, иако сè уште не е познато во кои улоги. Џејда Пинкет Смит можеби ќе се врати во својата позната улога на капетан Ниоби. Останува уште да дознаеме дали Лоренс Фишбурн ќе се врати во својата клучна улога на Морфеус. Засега, штурци.