Мини серијата Band of Brothers чија главна тема се случувањата од Втората светска војна, добива ново продолжение. Серијата го носи името Masters of the Air, а е правена по романот со истото име на писателот и историчар Донлд Л. Милер. Како и претходната, така е оваа ќе биде мини серија, а продукцијата ќе ја потпише легендарното дуо кое го сочинуваат Том Хенкс и Стивен Спилберг.
Актерот и режисерот стоеја и позади мини сериите Band of Brothers и Pacific, телевизиски серии со филмски квалитет кои ги отворија вратите за останатите проекти од ваков тип, како што беше Chernobyl. Masters of the Air е дело на Apple TV, a сè уште нема официјален датум за премиера на серијата.