Врз основа на успехот и признанијата од критиката на својата серија MW07, премиум-аудио компанијата Master & Dynamic сега ги претстави своите најнови безжични слушалки MW08 со Active Noise Cancelling. Новите слушалки добиваат подобри перформанси што многу го подобруваат аудио искуството. Единаесет милиметарски Beryllium драјвери даваат звук со потпис на компанијата, додека новата хибридна технологија за активно одложување на бучавата Active Noise Cancelling дава по живописно слушање.

Компанијата го задржала амбиенталниот режим на слушалките. Слушалките MW08 се конструирани од ултра издржлива керамика со алуминиумски нановрзани антени за исклучителна поврзаност, додека конфигурацијата со шест микрофони дозволува чисти повици без одвлекување на вниманието. Што се однесува до батеријата, слушалките можете да ги користите 10 часа, со дополнителни три полнења преку торбичката, што всушност дава 40 часа користење.

Како и повеќето слушалки така и овие заедно со дебито на слушалките дебитираше и новата апликација на компанијата M&D Connect која може да се инсталира на Android и iOS оперативен систем а овозможува неверојатни подесувања и искористување на максимумот што може MW08 да го понудат.