Аудио компанијата Master & Dynamic ги редизајнираше своите MH40 слушалки со wireless и bluetooth верзија.
По повод 5 години постоење, Master & Dynamic ги надгради MH40 слушалките со wireless варијанта, 5.0 Bluetooth верзија и ги направи значително полесни.
MH40 слушалките дебитираа како модел во 2014 година, како old school класичен модел на ретро слушалки со жица. Сега, го имаат истиот тој винтиџ шарм, но со попрактична и надградена верзија.
Полесни и подолготрајни од класичните МН40, нивната цена е 299 долари, а изработени се од алуминиум и нерѓосувачки челик, кога станува збор за структурата, а ја имаат и препознатливата кожна облога на брендот, во која се состои целиот ретро имиџ. Имаат батерија од 18 часа, а се полнат до 50% за 30 минути.