Моделот Валентин Карон овојпат е избран да ја претстави новата колекција на популарниот бренд Massimo Dutti. Како и секогаш, колекцијата е преполна со различни парчиња облека кои имаат за цел да го подобрат вашиот стајлинг и да ви олеснат да го унапредите и подобрите вашиот гардеробер.
Преубавите сакоа и кошули ќе направат да изгледате елегантно и привлечно. Нивниот модерен крој и дизајн се совршени за секоја прилика. Покрај елегантните сакоа, Massimo Dutti нуди и голем број маици и преубави џемпери. Квалитетните материјали го прават џемперите топли и удобни, па тие ќе ви бидат најдобар пријател во текот на студените денови.
Секако, со оваа колекција ќе бидете подготвени и за дождот, па можете да се опремите со елеци или јакни кои се водоотпорни.