Маслиново масло… прекрасен додаток кој не само што влијае позитивно врз кардиоваскуларниот систем, туку и врз машката сексуалност. Според новата научна студија спроведена од истражувачи од University of Athens, изведена врз 660 мажи кои биле ставени на медитеранска диета, со маслиново масло, се утврдило дека девет лажици маслиново масло дневно може да ги подобрат сексуалните перформанси на мажот. Маслиновото масло помага во зголемување на нивото на тестостерон, што го намалува ризикот од еректилна дисфункција. Според студијата докажано е дека покрај конзумирањето на маслиново потребна е и соодветна физичка активност. Ова масло го намалува ризикот од импотенција за 40 проценти. Уште позначајно е што ова се однесува на долгорочен план, за разлика од виаграта која дејствува краткорочно.