Доколку не сте налетале на кутијата за накит на вашата драга мајка кога сте биле мали или можеби сте прошетале низ Југоисточна Азија како Леонардо Ди Каприо на плажата, шансите се како маж дека никогаш не би помислиле да ставите ланче преку вашата глава.

Но, со интензивно растечкиот тренд на најкул мажи во светот кои сега се повеќе се одлучуваат да носат машки ѓердан и менување на ставовите кон претходно родовите стереотипи во модата (мажите носат рачни часовници, жените носат накит – ајде да се претопиме сите заедно) сега е исто така вистинско време за да се експериментира со ланец на вашиот врат.

Ова се некои упатства, што сè ви треба за да започнете, од изборот на вистинскиот приврзок и должината на синџирот до тоа како можете лесно да го вклопите во вашата веќе оформена гардероба.

Историја на ѓерданот, од Хенри VIII до 50 Cent

Мажите немале одсекогаш аверзија кон малку сјај на нивните вратови. Древните Египќани беа поборници на блескавилото, обвиткувајќи ги своите вратови со листови од злато и нанижана мониста на амајлиите и талисманите за заштита и среќа.

МАШКИОТ ГЕРДАН

Мажите од периодот на ренесансата, исто така, беа обожаватели на исклучително богатите изгледи на секаков вид на плакети, синџири и приврзоци врз себе, како и со неверојатните креации со драгоцен камен што ќе се протегаат до нивните раменици. Хенри VIII во неговиот познат портрет на Ханс Холбејн, носи огромен златен синџир кој би го засрамил Run DMC.

Оваа машка љубов со ѓерданот ќе згасне во 1600-та, но се враќа во втората половина на 20 век, кога синџирите уште еднаш се преобразуваат од побожните симболи на религијата до видливи знаци на богатството. Ознаки за кучиња, Елвис и диското, имаат удел во тоа, но хип-хоп модата беше местото каде ѓерданите станаа краен симбол на декаденција со артисти кои се пробиваа низ социјалната хиерархија, нудејќи доказ за тоа колку високо се имаат искачено на општественото скалило.

Во последнава деценија машкиот накит еволуира повторно, како моден додаток сега повеќе од било што друго. Во претходната сезона ѓерданите беа прошетани на машките модни писти на Прада, Балман , Раф Симонс и други. Многу од славните ликови ги украсија своите торзоа со впечатливи синџири, а трговците на накит потврдуваат зголемување на продажбата на машки накит од 500%.

Носење накит кај мажите дефинитивно доживува ренесанса. Во последниве сезони се случи преродба на уличната мода од 90-тите, во кои се забележани синџири, приврзоци, медалјони и прстени. Ова беше забележано на блоговите на Instagram и уличниот стил, но се очекува овој тренд допрва да го зголемува својот раст.

МАШКИОТ ГЕРДАНИзбор на металот

Првиот чекор да се пренесат ваквите модни моменти од пистите е да одберете ѓердан – почнувајќи од материјалот од кој е изработен синџирот, а потоа и на приврзокот за да се искреираот уникатниот стил што ги прави толку популарни. Ѓердан треба да се чувствува удобно и релаксирано , речиси незабележливо.

Сјаен сребрен синџир нуди повеќе машка и безвременска атмосфера со колоритни нијанси , функционира во зимски месеци и кореспондира со морнарско сино и сива боја. Синџирот од жолто злато е посјаен, создавајќи контраст кон црно, додека ги комплиментира потоплите тонови како портокалова и кафеава.

Ако барате случајно покежуал ѓердан за да се вклопи со посекојдневен стил, тогаш опција е за восочен синџир кој особено одговара на летните месеци и време покрај базен, додека ѓердан од монистра добро функционира во комбинација со други синџири.

Постојат, исто така, обложени метали како можност, но секогаш е најдобро да се држите само со сребро и злато ако имате чувствителна кожа. Овие видови на метали се многу фини и нема да реагираат на вашата кожа, без разлика дали спиете со нив или ги носите само тој ден. Настрана од материјалот, исто така има и различни дизајни на синџири со меѓусебно поврзани овални спојки на кабелскиот синџир кои се најчести како избор.

Различните дизајни на синџири го менуваат чувството и изгледот на ѓерданот, како поголемиот мрежен ланец (неколку различни синџири поврзани заедно за текстуриран изглед), цврстиот синџир на делови (испреплетени линкови дизајнирани да се поставени рамни) и постојано фенси „Фигаро“ синџирот (наизменичен модел на разклонети линкови со различна големина.

Би можеле, се разбира, само да се држите до синџирот, но додавањето на приврзок го носи оној толку важен персоналитет. Сепак, не постои рецепт за приврзокот и би било глупаво само да се следат славните. Поткрепете се на нешто со кое се поврзувате, без разлика дали е тоа буква или некаков знак.

На крајот, секое купување е лично и се базира на процес на селекција. Што ве привлекува? Што го надополнува вашиот стил? И што им кажува на другите за вашиот карактер?

„Исто така, имајте во предвид дека одредени приврзоци имаат поинакви значења. Сидро е вековен симбол на сила со очигледни врски со морето, додека популарен мотив за накит е раката на Хамса, за која се верува дека ќе ги одбрани злите духови и лошата среќа во културите на Блискиот Исток и Северна Африка. Други популарни стилови на привезоци се светиот крст со неговите конотации кон христијанството, черепот кој ја претставува смртноста и пердувот, кој е универзален симбол на мирот, пацифизмот и духовното единство. Некои приврзоци се прилично смели или тешки, па вреди да се размислува за тоа каде и колку долго може да го носите производот”.

 

МАШКИОТ ГЕРДАНИзберете ја должината

Најчестата должина на ланецот е онаа која допира веднаш под клучната коска додека долгиот ѓердан е со приврзок кој виси околу градите. Подолг синџир ќе помогне да се издолжи вратот, притоа привлекувајќи внимание на широки гради, додека пократок синџир ќе биде полесно видлив.

Исто така вреди да се вклопуваат повеќе синџири и да се експериментираат со различни должини во секое време, при што мониста функционира многу добро во пократка должина во однос на подолг синџир.

Како да го носиш

Долгите ланчани стилски ѓердани функционираат добро или со откопчана јака или со маичка со V-израз, така што приврзокот ја следи линијата на V. Исто така се сугерира да се комбинира со останатата облека како и усогласување на металите при оформување на целосниот изглед. На пример, ако носите сребрен часовник на вашиот зглоб и сребрена тока на коланот направете и таков избор на ѓердан.

Кога станува збор за остатокот од изборот на облека, неофицијалното додавање на ѓердан одговара на секојдневен изглед, како што е бела маица и кожна јакна. Ако сакате да го носите со поформална облека, тогаш може со раскопчана кошула со едноставен синџир кој се назира.

И за да бидат два погодока со еден удар, машкиот ѓердан е совршена придружба на стилот на кубанската кошула. Актуелните кошули со ревери се совршени за прикажување на повеќе кратни ѓердани. Може да се носат со дополнително раскопчано копче, доволно да се покажат овие ѓердани, мешајќи златни и сребрени привезоци и синџири заедно за еден современ изглед.