Кога станува збор за машката мода „the devil is in the details“. Па без разлика дали станува збор за облека, машки модни додатоци, фризура… добро е доколку се инспирираме или прифатиме совет од некој друг. Еве неколку машки јутубери кои вреди да се погледнат.

1. The Modest Man Минималистичкиот пристап на Brock McGoff е лесно прифатлив. За разлика од повеќето јутубери, тој не го покрива целиот стилски спектар, туку оној што најмногу му одговара, едноставниот. Освен со стилот, тој знае да се занимава и со технологија, да биде водич за колекционер на часовници, грижа на патики.

2. AWxInc Жената во машкиот свет, Ashley Weston една од најкул модните Јутјубери и редовна стилистка на црвениот килим во Холивуд. Ако сакате да научите и да креирате стил како некоја ѕвезда, впрочем како некој од нејзините клиенти, тогаш треба да го погледнете „Експертот“.

3. BluMaan Со 1,6 милиони следбеници овој јутубер кој е посветен на стилизирање на коса, е вреден за следење. Па ако сакате да научите за стилизирање на вашата коса и нешто повеќе тогаш Joseph Andrew е човекот кој ќе ве инспирира. Но покрај фризурите тој исто така се грижи за стилот и модата, како на пример секојдневна модна слоевитост, патики…

4. He Spoke Style Совет за луксузна, формална облека и дотерување треба да прифатите од Brian Sacawa. Пред да стане јутубер тој бил блогер и писател за haute couture. Неговата работа е свртена кон попребирливата мода, и тој зборува претежно за официјална облека, деловни патувања, часовници и обувки. За оние кои би сакале да научат за корпоративно облекување и black-tie dressing, нека неговиот блог стане ваша модна Библија.